
Синцеритас АД на „Ден за кариерен развој“ на УКИМ
На покана на организаторот УКИМ, Синцеритас АД – фармацевтска компанија со фокус на култивирање и процесирање производи од канабис за медицинска намена, за прв пат зеде учество на „Ден за кариерен развој“ за да ги прикаже можностите што нашата компанија ги нуди за студентите од различни факултети: практична работа, стипендирање и вработување. На наше задоволство, голем број студенти покажаа интерес за компанијата и нејзините цели.
Настанот претставуваше одлична можност за Синцеритас да се поврзе со потенцијалните кандидати за своите програми за стажирање и стипендирање, кои им нудат на студентите можност да стекнат практично искуство во некој од нашите оддели за: контрола на квалитет, култивација, производство, технички операции и администрација. Овие програми претставуваат одличен начин студентите да стекнат драгоцено искуство во областа и да учат од експерти од индустријата.
Покрај програмите за практикантска работа и стипендии, нашиот #TeamSinceritas понуди и информации за можностите за вработување во компанијата со полно работно време. Овие позиции обезбедуваат можност за кандидатите да се приклучат на тимот и да придонесат во мисијата на компанијата за унапредување во полето на истражување и развој на канабисот за медицинска намена.
„Денот за кариерен развој“ организиран од страна на УКИМ претставуваше одлична можност за нашата компанија да ја прикаже својата мисија, и да се поврзе со студенти кои се заинтересирани да продолжат со кариера во фармацевтската индустрија. Со учеството имавме за цел да ја прикажеме нашата посветеност за поддршка на следната генерација професионалци и унапредување на полето за истражување и развој на канабисот за медицинска намена.
Следете ги нашите профили на Instagram и Facebook за повеќе фотки околу настанот и тековни огласи, како и sinceritas.eu/careers за повеќе информации околу отпочнувањето кариера во Синцеритас АД!