Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар
CBD 20% Oil News

Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар

Што претставува Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар?

Канабиноидите се природни состојки што се наоѓаат во растението Cannabis Sativa L и имаат фармаколошко дејство. Досега се познати околу 110 канабиноиди, од кои канабидиол (CBD) е еден од најзастапените во самото растение. CBD 20% маслото со целосен спектар претставува маслен екстракт произведен од зрелите цветови на растението Cannabis Sativa L. Целосниот спектар на Sinceritas CBD 20% маслото значи дека освен CBD (што се содржи во највисока концентрација), производот содржи мешавина и на различни други природни супстанции, почетно присутни во самото растение (како што се канабиноидите и терпените). Тие, заедно со канабидиолот (CBD), имаат целосен спектар на делување врз рецепторите на ендоканабиноидниот систем во организмот и на тој начин ги враќаат нарушените физиолошки функции во нормална состојба (го одржуваат организмот во хомеостаза).

Ендоканабиноидниот систем е составен од клеточни рецептори (најпознати се: CB1 и CB2) што се наоѓаат во различни органи, вклучувајќи ги: мозокот, црниот дроб, бубрезите, белите дробови и имунолошкиот систем. CBD нема психоактивно дејство. Досега е проучувана фармаколошката ефикасност на CBD кај: кардиоваскуларни, невродегенеративни, малигни и метаболни нарушувања што вообичаено се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија, а CBD има докажано антиоксидативно, противвоспалително и имуносупресивно дејство.

VISUALS 4096x2048

За што се употребува Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар?

 

Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар го потпомага враќањето на нарушените физиолошки функции на организмот во нормална состојба и може да има позитивни ефекти при:⁣

 

  • НЕВРОЛОШКИ НАРУШУВАЊА: Несоница, вознемиреност, стрес, депресија, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, невропатска болка и одредени форми на епилепсија
  • АВТОИМУНИ ЗАБОЛУВАЊА: Воспаленија, ревматоиден артрит
  • ГАДЕЊЕ И ПОВРАЌАЊЕ: Особено за време на хемотерапија
  • КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ, ДИЈАБЕТИЧКА НЕВРОПАТИЈА, ДИЈАБЕТЕС⁣⁣: Регулирање на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето и состојбата на крвните садови
  • ВОСПАЛИТЕЛНИ СОСТОЈБИ: Воспаление на цревата, Кронова болест
  • ХРОНИЧНА И МУСКУЛНА БОЛКА

 

Правилна употреба на производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар:

  • Пред употреба протресете
  • Производот CBD 20% масло се зема независно од оброкот
  • 7-8 (седум-осум) капки во текот на денот, под јазик. Задржете 30 секунди пред да проголтате
  • Да не се надминува максималниот дневен внес од 7-8 (седум-осум) капки

Употреба на производот Sinceritas CBD 20% масло со храна и напиток: Во текот на земање на производот немојте да пиете сок од грејпфрут, бидејќи истиот може да го наруши дејството на CBD.

Бидете особено внимателни со производот Sinceritas CBD 20% масло: Лицата кои земаат лекови треба да се посоветуваат со лекар или фармацевт пред да почнат со земање на овој производ.

Немојте да го употребувате производот Sinceritas CBD 20% масло:

  • како замена за вкупна или балансирана исхрана;
  • како замена за стандардната пропишана терапија на наведените заболувања;
  • ако сте алергични или пречувствителни на некоја од состојките на производот CBD 20% масло
  • ако имате помалку од 14 години.

Бременост и доење: Sinceritas CBD 20% маслото не се препорачува кај трудници и доилки.

Влијание врз психофизичките способности:

  • Содржината на тетрахидроканабинол (THC) е помала од 0,2% и оттука маслото нема психоактивно дејство.
  • Не е познато дека производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар влијае врз способноста за управување со возило и ракување со машини.

Земање/употреба на други медицински производи: Пред да почнете со земање на производот Sinceritas CBD 20% масло, известете го Вашиот лекар  ако истовремено земате некои од следниве лекови:

  • еритромицин (за инфекции)
  • амиодарон, клопидогрел, нифедипин (за срцеви заболувања)
  • декстрометорфан (за намалување на кашлица)
  • кветиапин (антипсихотик)

*Ве молиме информирајте го Вашиот доктор или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Што содржи граничниот производ Sinceritas CBD 20% масло?

  • Состојки во 1 капка: канабидиол (CBD) 6,5 mg
  • Останати состојки: канабидиварин (CBDV), канабихромен (CBC), канабигерол (CBG), канабидиолна киселина (CBDa), канабигеролна киселина (CBGa); вехикулум: масло од семе од коноп.

Други податоци за производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар:

Начин на издавање: Граничниот производ се издава без лекарски рецепт.

Како изгледа производот Sinceritas CBD 20% масло и големина на пакување: Капки за перорална примена во темно кафено стаклено шишенце од 10ml, во кутија со упатство.

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет: СИНЦЕРИТАС АД Скопје, 50-та Дивизија Бр.12 Центар – Скопје, 1000 Скопје, С.Македонија

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-9253/2 од 24.09.2020